Бенитез: Не го продаваме Ричарлисон

Килијан Мбапе е на прагот на трансфер од редовите на ПСЖ во Реал Мадрид, а со тоа се отвара место за ново засилување за „светците“ во нападот. Еден од оние кои медиумите го поврзаа со парискиот клуб е бразилскиот репрезентативец Ричарлисон.

По преминот во Евертон, голгетерот се наметна како еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, а воедно својата форма ја докажа и на Олимписките игри каде со пет гола и асистенција ја предводеше својата репрезентација до златен медал.

Сепак на денешната пресконференција на Евертон, тренерот Рафа Бенитез ги отфрли шпекулациите за заминување на Ричарлисон.

„Не планираме да го продадеме Ричарлисон. Тој е наш играч и пресреќни сме што е тука. Се надевам дека одличната форма ќе ја пренесе и во новата сезона и дека ќе ни донесе многу голови во борбата за Европа“, изјави Бенитез.

Покрај тоа Евертон е блиску и до ангажман на крилото Луис Диаз од Порто, а како дел од спогодбата клубот ќе го напушти Хамес Ридригез, за кој нема место во редовите на „тофиси“.

Се вчитува...