Бенитез „распали“ по Хамес: Не сака да тренира, а очекува да биде во стартниот тим

Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез, даде свој коментар околу Хамес Родгирез кој беше продаден во Катар, односно му беше дадено до знаење дека не сметаат на него во иднина.

Бенитез два пати соработуваше со Колумбиецот, еднаш во Реал Мадрид и сега кратко време во Евертон.

Искусниот шпански стратег „распали“ по фудбалерот на Ал Рајан велејќи дека само парите и луксузот му се во главата.

„Родригез ги преферира парите и луксузниот живот пред фудбалот. Одбива да работи на тренинзите, а очекува да биде во стартниот тим. Тоа е многу нефер кон другите фудбалери кои работат максимално, а потоа се на клупата за резерви“, вели Бенитез.

Се вчитува...