Ливерпул сериозно ја засили конкуренцијата во средниот ред со доведувањето на Мек Алистер од Брајтон и Доминик Шобослаи од Лајпциг. Па, Јирген Клоп даде зелено светло за заминување на 29-годишниот Бразилец Фабињо.
Дефанзивниот фудбалер од средниот ред ќе биде нов играч на саудијскиот Ал-Итихад за отштета во висина од 45 милиони евра. Фабињо така би требало да стане соиграч на актуелниот освојувач на Златната топка, Карим Бензема и неговиот репрезентативен колега Н’Голо Канте кој ова лето исто така се приклучи на клубот.
Бразилецот веќе ги заврши лекарските прегледи и наскоро потпишува тригодишен договор. Фабињо во Ливерпул пристигна од Монако летото 2018 година за 45 милиони евра, и беше еден од најважните играчи на Јирген Клоп последниве сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА