Бензема доволен за нов триумф на „кралевите“ во Ла лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна до нов триумф во Ла лига откако вечерва на домашен терен славеше над Атлетик Билбао со 1-0 во заостанатиот натпревар од 9. коло.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 40. минута кога Карим Бензема на асистенција на Лука Модриќ донесе нови три бода за „кралевите“ во домашниот шампионат. Со овој триумф избраниците на Карло Анчелоти ја зголемија предноста пред Атлетико Мадрид на врвот на табелата на седум бода, но градскиот ривал има натпревар помалку.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...