Бензема го надмина легендарниот Ференц Пушкаш на вечната „кралска“ листа

Францускиот интернационалец Карим Бензема игра во одлична форма во дресот на Реал Мадрид од стартот на сезоната и со двата гола постигнати на вчерашниот дуел против Еибар (0-4) го надмина легендарниот Ференц Пушкаш на вечната листа на најдобрите стрелци на „кралскиот клуб“. Бензема дојде до бројката од 157 гола, еден повеќе од Пушкаш и сега се наоѓа на шестата позиција на ова рангирање.

Негов следен предизвик е Хуго Санчез, мексиканскиот голгетер кој во кариерата постигна 164 погодоци за Реал Мадрид. Бензема се надева дека и него ќе успее да го надмине до крајот на сезоната.

На првото место убедливо е Кристијано Роналдо со 311 гола, а потоа следуваат Раул Гонзалес (228), Алфредо Ди Стефано (216), Сантиљана (186) и Хуго Санчез (164).

 

Се вчитува...