Бензема ја освои Севилја, „кралевите“ скокнаа на врвот

Реал Мадрид оствари важна победа (0-1) на гости против Севилја и се искачи на самиот врв на табелата во Ла Лига со 11 бода, колку што има и првопласираниот Атлетик Билбао со подобра гол – разлика. Уште поважно за тимот на Зинедин Зидан е што максимално го искористи поразот на Барселона и по пет одиграни кола има четири бода повеќе од Барселона.

„Кралевите“ одиграа одличен меч, ја сочуваа мрежата на „Санчез Пижуан“, а не му дозволија на домашниот тим ниту еден директен удар кон голот на Тибо Куртоа. Карим Бензема беше стрелец на победничкиот погодок во 64.минута.

Францускиот напаѓач одлично реагираше на центаршутот на Дани Карвахал од десната страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Севилја. Во финишот Чичарито постигна гол за домаќинот, но не беше признат поради офсајд позиција во која се најде напаѓачот на Севилја.

Се вчитува...