Бензема ќе му остане верен на „кралот“ до 2022 година

Карим Бензема воодушевува сезонава со играта која ја прикажува во Реал Мадрид, поради што раководството одлучи да го продолжи договорот со искусниот фудбалер до 2022 година.

Стрелецот на 16 голови во сите натпреварувања ќе добие и значајно покачување на платата, што му е награда за одличните партии по заминување на Кристијано Роналдо. Вкупно во тој период тој одигра 79 натпревари, на кои постигна 56 гола и 18 асистенции, со што е најдобар фудбалер кај „кралевите“.

Со важечкиот договор тој заработува 13 милиони евра, а се очекува со новиот таа да биде далеку поголема. Тој на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2009 година, а оттогаш на 331 натпревар, постигна 160 гола.

Се вчитува...