Бензема најдобар играч за месец септември во Шпанија

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е прогласен за најдобар играч на месец септември во Ла Лига.

Францускиот голгетер постигна шест гола во четири натпревари. Во септември 33-годишниот Бензема учествувал во дури 10 голови за неговиот Реал Мадрид. Постигна шест, и асистираше за четири погодоци.

Во оваа сезона вкупно Бензема има осум натпревари, девет гола и седум асистенции.

Се вчитува...