Бензема не дозволи Реал да „падне“ во Валенсија

Реал Мадрид во супердраматичен натпревар успеа да ремизира 1-1 на гостувањето против Валенсија, со голот што во 95. минута го постигна Карим Бензема.

„Кралевите“ беа на прагот на амбисот откако Солер ја доведе Валенсија во водство, а Куртоа потоа спречи домаќините да поведат и со 2-0. По корнерот во последната минута Куртоа се пресели во противничкиот шеснаесетник, за малку самиот ќе постигнеше гол со глава, но Бензема одлично се снајде и одбиената топка ја смести во мрежата.

Овој освоен бод значи дека Реал и Барселона ќе влезат со израмнет број на бодови во претстојното „Ел Класико“, што ќе се игра в среда на „Камп ноу“.

Се вчитува...