Бензема по обвиненијата за киднапирање: „Свету дали си сериозен!?“

Францускиот напаѓач Карим Бензема наводно има обвинение сега и за киднапирање, пренесоа дел од шпанските медиуми.

Напаѓачот на Реал Мадрид се најде во центарот на скандал со наводите дека за него се води истрага за киднапирање, па Бензема се одлучи преку Твитер да се огласи за целиот овој случај…

„Свету, дали си сериозен? – напиша кратко Бензема.

Поранешниот репрезентативец на Франција уште пред неколку години беше обвинет за уценување на соиграчот од репрезентацијата Матие Валбуена на кого му се заканувал дека ќе објави негови снимки од интимна природа. Бензема од тогаш повеќе не е дел од француската репрезентација.

Се вчитува...