Бензема потпишува нов договор со Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема наскоро ќе го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до 2022. година, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот фудбалер пред точно една деценија од Лион премина на „Сантијаго Бернабе“, а според информациите ќе заработува по 11 милиони евра по сезона.

На 31-годишникот актуелниот договор му истекува во 2021. година, но во Реал се задоволни од неговите игри и немаа дилема да ја продолжат соработката со Французинот. Бензема со мадридскиот клуб освои 17 трофеи, меѓу кои четири Лига на шампиони и две ла лиги.

 

Се вчитува...