Бензема прави „чистка“ во Реал Мадрид

Без разлика што неговата работа е пред се да постигнува голови, Карим Бензема има огромно влијание во Реал Мадрид и надвор од теренот, а според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, тој има намера да влијае на заминувањето на Еден Азар од кралскиот клуб.

Оваа информација ја пренесе шпански „Национал“, додавајќи дека Бензема веќе го известил тренерот Карло Анчелоти дека не сака Белгиецот да му биде соиграч, а имајќи предвид дека сличен став има и претседателот Флорентино Перез, јасно е дека Азар би можел прв да ја „повлече ногата“ за „чистка“ во Реал.

Еден пристигна во Реал летото 2019 година по седум извонредни години во Челси и по освојувањето на Лигата на Европа, но повредите и лошите игри го одбележаа неговиот престој во Мадрид.

Во последните неколку натпревари тој беше стартер во отсуство на заразениот Марк Асенсио и само потврди дека не е достоен за кралскиот клуб. Азар е обврзан со Реал до летото 2024 година и реално е да се очекува да замине на позајмица. Се споменуваат неговите поранешни клубови Челси и Лил.

Покрај Азар, Реал во јануари би можел да ги напушти и Герет Бејл и Иско кои долго време се во втор план во Мадрид.

Се вчитува...