Бербатов: Не навивам за Сити, но не можам да гледам како Ливерпул освојува четири трофеи

Манчестер сити и Ливерпул во последните четири кола на англиската Премиер лигата ќе водат голема битка за титулата. „Граѓаните“ се во предност од еден бод, но тимот на Јирген Клоп сигурно нема да се откаже до крајот.

Токму Сити и Ливерпул се двата најобразени ривали на Манчестер јунајтед, тим кој не успеа да се избори ниту за настап во Лигата на шампиони за следната сезона. Најтешка дилема за фановите на „црвените ѓаволи“ е тоа за кој ривал да навиваат да станат прваци.

Некогашниот голгетер на Манчестер, Димитар Бербатов се одлучи до крајот на сезоната да навива за Сити да ја одбрани титулата во домашното првенство, а објасни и зошто Граѓаните ќе бидат негов фаворит.

„Боли кога го гледам тоа, но мора да се даде респект за Ливерпул. Не сакам да навивам за Сити, но никако не сакам да видам како Ливерпул освојува дури четири трофеи во една сезона“, рече Бербатов.

Ливерпул веќе го освои Лига Купот на Англија, ќе игра во финалето на ФА Купот, а е пред пласман и во финалето од Лигата на шампиони. Секако, со евентуална титула во Премиер лигата и освојување на натпреварувањата во кои игра, Ливерпул ќе испише историска сезона во англискиот фудбал, а Бербатов не сака тоа да се случи.

Се вчитува...