Еден од најуспешните бугарски фудбалери кој во богатата кариера ги бранеше боите на Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако…, Димитар Бербатов ја прокоментира сезоната на Ентони, 23-годишниот Бразилец за кој Манчестер Јунајтед во 2022 година издвои 95 милиони евра при трансферот од Ајакс.
Ентони имаше добар почеток во дресот на „црвените ѓаволи“, но потполно потфрли во новата сезона во која не само што не запиша гол или асистенција на 11 одиграни натпревари, туку се најде и во центарот на вниманието со отпужбата за семејно насилство.
„Ентони му се допаѓа на тренерот Ерик тен Хаг. Сите го знаат тоа од времето кога соработуваа во Ајакс. Разбирам дека има посебен однос со него како што секој тренер има со некој играч. Ја има довербата на Тен Хаг, но Ентони мора да биде свесен дека мора да ги оправда очекувањата секој пат кога ќе стапне на теренот.
Засега не му оди. Мојот совет е да престане со глупостите и да игра поедноставно. Кога мислиш дека си Роналдињо или Зинедин Зидан ќе имаш уште повеќе проблеми. Дечкото мора да сфати дека треба да престане да прави глупости како триковите кои не се пресудни за неговиот тим. Брз си, искористи го тоа за да се уфрлиш зад одбраната, прими ја топката и почни да запишуваш голови и асистенции. Толку е едноставно. Мора да бидеш дисципилиниран и концентиран“, изјави Бербатов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА