Берлускони: Во мојата Монца ќе нема играчи со бради и со тетоважи

Силвио Берлускони кон крајот на минатиот месец го комплетираше преземањето на Монца, a поранешниот италијански премиер веднаш стави до знаење дека во неговиот нов клуб ќе има поинакви правила на игра во однос на останатите тимови. Иако станува збор за екипа од третата италијанска лига, Берлускони ќе настојува да изгради беспрекорен имиџ, почнувајќи го изгледот на фудбалерите.

„Тоа ќе биде млад тим составен исклучиво од италијански фудбалери. Ќе мора косата секогаш да им биде средена, најдовме и фризер во Монца што ќе се грижи за тоа бесплатно. Ќе биде забрането играчите да пуштаат брада, исто така нема да смеат да имаат ниту тетоважи… Ќе бидат пример за фер-плеј на теренот, ќе им се извинат на противниците при фаул и ќе го третираат судијата како господин. Моја желба е од Монца да направам нешто сосема различно од модерниот фудбал“ – изјави Берлускони.

Се вчитува...