„Бернабеу“ не памети кога бил така полн за претставување на еден фудбалер (ВИДЕО)

Белгискиот репрезентативец Еден Азар успешно ги мина лекарските прегледи и секој момент се очекува неговото официјално претставување на „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид.

Азар со воодушевување беше дочекан уште пред два часа кога пристигна на лекарските прегледи од бројни навивачи. Шпанските медиуми пренесуваат дека стадионот не памети кога последен пат бил така полн на претставување на ново засилување. Веќе се присутни околу 50.000 навивачи на „Бернабеу“ кои се во очекување на Азар…

 

Се вчитува...