Бернардо Силва летово ќе го напушти Манчестер сити, пренесуваат шпанските медиуми. Пеп Гвардиола минатото лето не сакаше да го пушти Португалецот, но сепак годинава работите ќе се променат.
„Мундо депортиво“ пренесува дека Силва на летово ќе потпише со Барселона, а како главна причина се споменува одличниот однос кој го имаат првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта и агентот на Португалецот, Жорже Мендеш.
Се споменува дека во целата мисија може да биде понуден Френки де Јонг на Манчестер сити кој е една од желбите на тренерот на „граѓаните“.
Силва со Манчестер стигна од редовите на Монако за сума од 50 милиони евра. Сезонава постигна 13 гола и забележа шест асистенции во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА