Бернардо Силва останува во Манчестер сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола соопшти дека Бернардо Силва одлучил да остане во редовите на англискиот шампион, пренесуваат медиумите во Велика Британија.

Силва наводно имал понуда од Барселона, но по разговорот со Гвардиола одлучил дека и оваа сезона ќе игра за клубот од „Итихад“.

„Силва останува во Манчестер сити. Тој е незаменлив. Може да игра на три, четири или пет позиции“, изјави Гвардиола. 

Силва во Манчестер сити стигна во 2017 година од редовите на францускиот Монако. Тој за англискиот клубо одигра вкупно 256 натпревари на кои постигна 50 гола.

Се вчитува...