Берни Еклстон на 89 години стана татко

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон на 89 години стана татко. Со двојно помладата Фабијана Фоси добија син Ејс, кое за Берни е четврто дете.

„Имаме син, го крстивме Ејс. Толку сум горд“ – објави Еклстон.

Берни Еклстон во својот живот досега имал три жени и сега веќе четворица наследници. Иви Бамфорд, Славица Радиќ и сега Фабијана Флоси се негови животни сопатнички, а Дебора (65 години), Тамара (35 години) и Петра (31 година) се негови претходни ќерки. Сега го доби првиот син на свои 89 години. Породувањето на актуелната негова сопруга, 44-годишната Фабијана Флоси, со која е во брак од 2012 година, траело 25 минути.

Еклстон има и пет внуци од неговите три ќерки.

Се вчитува...