Бесарт Ибраими е новиот рекордер-голгетер во историјата на Првата лига… (ВИДЕО)

Бесарт Ибраими е новиот рекордер-голгетер во историјата на Првата македонска фудбалска лига. Со двата денешни погодоци уште во првото полувреме против Шкупи во 17. коло од ПМФЛ, Ибраими успеа да стигне до бројката од 167 постигнати гола во Првата лига минувајќи го досегашниот лидер на оваа листа, Баже Илијоски кој има 166 погодоци во Првата лига.

Бесарт Ибраими не мечот против Шкупи погоди уште во 2. минута за 1-0…

А, потоа во 41. минута од пенал заокружи на 3-0 за Шкендија по првиот дел…

Се вчитува...