Беше договорен да стане „крал“, ама ќе заврши на „Олд Трафорд“?

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе се обиде во претстојниот преоден рок да го доведе на „Олд Трафорд“ фудбалерот за врска на Ајакс, Дони ван де Бек. Тој беше речиси договорен како ново засилување на Реал Мадрид, но ситуацијата во меѓувреме се промени. „Кралскиот клуб“ мора да најде решение и да ги продаде Герет Бејл и Хамес Родригез кои се тежок удар за буџетот, а дури потоа да се насочи кон ангажман на нови засилувања.

Оваа ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и да го донесе одличниот играќ од средниот ред на Ајакс во своите редови. Со него во тимот крај Бруно Фернандеш, менаџерот Оле Гунар Сослкјер би имал двајца играчи со врвни физички предиспозиции.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 50 милиони фунти за 22-годишниот Дони ван де Бек.

Се вчитува...