Беше слаб за Манчестер Сити, сега потпишува за Арсенал

Микел Артета конечно ја заврши потрагата по нов дефанзивец, откако Арсенал успеа да го договори трансферот на Пабло Мари, шпанскиот одбранбен фудбалер кој за сума од 9 милиони фунти ќе пристигне од таборот на Фламенго.

Одбраната е најслаб дел од тимот на Арсенал, па јасно е зошто и доведувањето на нов централен дефанзивец беше приоритет за јануарскиот преоден рок, во ситуација кога Мустафи, Луиз и Папастатопулос се наоѓаат во очајна форма. Приоритет беше Упамекано, но Лајпциг не сакаше да го продаде столбот на одбраната среде битка за титула. Понудата за Демирал беше експресно одбиена од Јувентус, по што изборот на крајот падна на Мари.

Артета е запознаен со неговите квалитети бидејќи станува збор за „дете на Манчестер Сити“, кое настапуваше за младинските екипи додека Шпанецот му беше асистент на Гвардиола во овој клуб и ги надгледуваше помладите категории. Тој никогаш не доби шанса во дресот на „граѓаните“, се селеше на позајмици во Џирона, НАЦ Бреда и Ла Коруња, за минатото лето да замине во Фламенго во трансфер вреден 1,3 милиони евра. Мари се наметна како командант на одбраната, но во англиската јавност веднаш се наметна прашањето, дали овој фудбалер ќе може да се наметне како лидер во амбициозен клуб во Премиер-лигата.

Се вчитува...