Бешикташ го купува Адис Јаховиќ

Турскиот гигант Бешикташ го купува македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ, објави турскиот весник „Фанатик“. Тој треба да биде замена за Бурак Јилмаз, кој прави трансфер во Лил.

Тренерот на Бешикташ, Серген Јалчин, побарал од раководството да го доведе токму Јаховиќ во тимот. Тој одлично ги познава неговите квалитети од периодот додека беше на клупата на Коњаспор и на Малатијаспор, а Јаховиќ играше во дресот на овие клубови.

Адис Јаховиќ пред шест месеци направи трансфер во Анталијаспор и на 12 натпревари постигна шест гола. Оваа сезона има вкупно 17 гола во турската Суперлига на 33 меча. Сега го очекува трансфер во еден од најголемите турски клубови.

Се вчитува...