За четири неисплатени плати, Кариус го тужи Бешикташ

Лорис Кариус ќе покрене тужба против Бешикташ, тимот во кој е на двегодишна позајмица од Ливерпул. 25-годишниот Германец, минатиот месец поднел жалба до ФИФА, во која тврди дека турскиот гигант му должи плата за четири месеци. „Билд“ пренесува дека тој побарал плаќањето да се изврши во рок од 10 дена. Рокот за исплата е поминат, а помеѓу двете страни не е постигната никаква спогодба.

Светската куќа на фудбалот ќе мора да интервенира по однос на ова прашање и да му изрече строга казна на турскиот фудбалски клуб.

За Кариус ова не се единствени проблеми. Mинатиот викенд тој беше остро критикуван од тренерот Сенол Ѓунеш, поради слабото издание на дуелот против Коњаспор, кој неговиот тим го доби со 3-2.

Се вчитува...