Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не ја криеше фрустрацијата по поразот на својот тим од Њукасл Јунајтед со 2-1.
Според таборот на „граѓаните“ натпреварот го одбележаа два контроверзни одлуки – недосудениот пенал над Фил Фоден во првото полувреме и контроверзниот втор гол на Барнс за водство на Њукасл Јунајтед.
Шпанскиот стратег по натпреварот влезе во вербален конфликт со тренерот на „црно-белите“, Бруно Гимараеш па потоа му викаше и на главниот судија.
На пресконференцијта за медиуми пак не сакаше да образложува, туку повторуваше иста реченица „Се е во ред“.
Со овој пораз Манчестер Сити изгуби шанса да задржи чекор со Арсенал на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

