Бесниот Рибери ќе добие казна од Баерн Минхен

Баерн Минхен реди победи во Бундес-лигата, но тренерот Нико Ковач има проблеми да ги задоволи ѕвездите во својот тим кои сакаат да го играат секој натпревар. Така, Франк Рибери најверојатно ќе биде казнет од баварскиот гигант поради својот однос во финишот од дуелот со Баер Леверкузен, откако францускиот ас воопшто не го дочека крајот на мечот на „Алијанц арена“.

Французинот беше резерва на дуелот со „фармацевтите“, а откако Ковач ја направи третата замена уфрлајќи го Алаба на местото на повредениот Рафиња, Рибери демонстративно ја напуштил клупата за резерви, набрзина се пресоблекол и со такси си заминал од стадионот.

Однесувањето во таборот на Баерн Минхен е многу важно за управата на клубот, па речиси сигурно е дека 35-годишниот Французин ќе биде казнет за овој непрофесионален потег.

Се вчитува...