Без честитки за Феникс – Леброн со наведната глава го напушти теренот (ВИДЕО)

Бранителот на трофејот во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс беше елиминиран во првата рунда од разиграувањето за титула од страна на Феникс кој со победата 113-110 стави крај на надежите за можна „мајсторка“.

За „Кралот“ ова е прв пат во својата 18 годишна плеј-оф кариера да го заврши настапот во четвртфиналето, а поразот тешко му падна на четирикратниот освојувач на прстенот кој со наведната глава мораше да го напушит „Стејплс Центарот“.

 

По натпреварот Леброн својот дрес му го додели на далеку помладиот Девин Букер кој блескаше во текот на целата серија и даде дознаење дека тој е една од следните НБА ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport)

Се вчитува...