Без Димитриевски не е лесно – Рајо по пенали успеа да го совлада петолигашот Гвијело

Шпанскиот петтолигаш Гвијело му приреди вистинскиот отпор на Рајо Валекано во втората рунда од Купот на кралот па составот на Столе Димитриевски стигна до следната фаза по изведувањето на пенали. Како потсетување, македонскиот голман на овој меч беше поштеден од страна на тренерот Андони Ираола, а меѓу стативите застана Лука Зидан.

Рајо поведе во уште во 5. минута од мечот со голот на Позо, меѓутоа водството на гостите не траеше долго бидејќи во 19. минута Тоти израмни на 1-1. Овој резултат остана на семафорот и до крајот на регуларниот дел од мечот по што следеа продолженија во кои повторно не беа постигати голови за патникот во следната фаза да биде одлучен по изведувањето на пенали.

Во нив двата тима започнаа со промашување, а откако беа изведувачите беа сигурни во следните три рунди, клучен за победата на Рајо Валекано беше петата рунда во која домаќините не ја затресоа мрежата, а Гвардиола донесе победа.

Се вчитува...