Без конкуренција: Роналдо е фудбалер со најголема заработка во светот

Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е фудбалерот кој има најголема заработка во светот за 2021 година. „Форбс“ денес ја објави ваквата информација, па на оваа листа Португалецот е убедливо прв без никаква конкуренција.

Роналдо оваа година има заработено 125 милиони долари, од кои 70 милиони се од плата, а другите 55 милиони се од рекламни договори. Веднаш после него се наоѓа Лионел Меси кој има драстично помала заработка од 75 милиони долари од плата и 35 милиони од реклами. На третото место е младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе кој заработува 43 милиони долари од плата и уште 15 милиони преку реклами.

Листата ја комплетираат Мохамед Салах со 41 милион долари и Роберт Левандовски со 35 милиони. Интересно за спортската е јавност е што Андрес Иниеста кој настапува во Висел Кобе се уште високо котира со својата заработка од 35 милиони долари.

Се вчитува...