Би-Би-Си: Го исфрлаат Челси од Лигата на шампиони?

Поради продолжена продажба на Челси, им се заканува исфрлање од Лигата на шампионите идната сезона, пренесува угледниот „Би-Би-Си“. Оваа вест дојде како шок за навивачите на „сините“. Челси со третото место на табелата избори место во најелитното европско натпреварување идната сезона. Момците на Тухел не успеаја да се вклучат во битката за титулата.

Меѓутоа ситуацијата во овој тим е комплицирана, а екипата е во опасност да не игра во ЛШ идната сезона.

Главниот проблем на актуелниот европски првак е долготрајната купопродажба на клубот. Купувачот Тод Бојли е најзаинтересиран за купување, но сегашниот сопственик Роман Абрамович стои на патот на таа трансакција. Русинот беше приморен да го продаде клубот по инвазијата на Русија врз Украина, но одби да им допушти на бритнаските министри да бидат сигурни дека приходот ќе оди во добротворни цели. Ставот на милијардерот не е единствен проблем. Како што тврдат од „Би-Би-Си“, иако британската влада подготвена е на завршување на продажбата, сепак, ситуацијата може да биде уште покомплицирана.

Исто така и португалските министри треба да дадат согласност за купување на Челси, поради тоа што Абрамович имал и португалски пасош. Новинарот на „Би-Би-Си“ тврди дека во текот се разговори со португалската влада, и со Европската комисија.

Долготрајните разговори може да му наштетат на клубот, со оглед дека ситуацијата станува се потешка. Англиската федерација мора да приложи список на имиња кои ќе настапуваат во Лигата на шампионите следната сезона, а организацијата тоа мора да го приложи до почетокот на јуни. Во таква ситуација ако клубот не биде продаден во следните седум дена, тимот нема да добие лиценца и нема да настапи во „елитата“ идната сезона.

Ова е шанса за Арсенал кој чека од петтото место и може да заигра место Челси во ЛШ.

Се вчитува...