Би-Би-Си и Газета: Погледнете ја оваа радост. Ова е суштината на фудбалот!

Светските медиуми го оцениja како спортски настан на денот историскиот прв пласман на Македонија на Европското фудбалско првенство следната година.

„Погледнете ја оваа радост. Ова е фудбалот, и за што во суштина се работи“ – ја пренеси Би-Би-Си веста за првиот пласман на Македонија на ЕП.

Just look what it means! This is what football’s all about. ?

Posted by BBC Sport on Четврток, 12 ноември 2020

Сите италијански медиуми го пренесоа настапот на Пандев, Елмас и Несторовски нагласувајќи дека македонската селекција запиша историја.

„Историја за Македонија. За првпат на Европско првенство“ – пренесе „Газета дело спорт“.

Се вчитува...