Би-Би-Си обвинет за сексизам

Британскиот сервис Би-Би Си, познат по инсистирањето на коректност во сите аспекти на работењето се сосочи со критики откако во специјализираната емисја посветена на Светското првенство за фудбалерки во Франција имаше комплетно женско друштво во студиото. Со водителката Габил Логан анализираа поранешните репрезентативки на Англија, на Шкотска и на САД, Алекс Скот, Гема Феј и Хоуп Соло.

Првата реакција за полова нееднкавост на општо изнеадување дојде од Ребека Варди, сопругата на играчот на Лестер, Џејми.

„Каде е еднаквоста“ – праша Ребека на твитер, а потоа се дообјаснуваше дека смета оти и мажите треба да бидат инволвирани во женскиот фудбал за тој да го добие местото што го заслужува.

Забележки имаат и фановите кои исто така реагираа на компелтно женското дружтво што анализираше. Од друга страна, токум Алекс Скот е првата жена која воопшто добила шанса да биде аналитиарка на специјализираниот канал скај спортс. Таа работи и за Би-Би-Си.

Се вчитува...