Бидете поддршка за маратонците – порака во пресрет на Виз Ер Скопскиот маратон

Јубилејното 15. издание на Виз Ер Скопскиот маратон утре во Скопје ќе сплоти над 12 000 тркачи од 58 земји кои низ улиците на македонскиот главен град ќе бидат дел од традиционалната манфиестација која со текот на годините влезе во редот на мафиестациите кои се обележја на Скопје. И организаторите и македонските маратонци кои ќе бидат дел од трката ги повикаа скопјани да излезеат на улиците и да ги подржат учесниците на неколкуте трки кои стандардно се дел од Виз Ер Скопскиот маратон.

„Воведовме новини во секој сегмент и дадовме сѐ од себе да го зајакнеме хуманитарниот карактер на настанот. Секој можеше да донира преку givengain.com и да учествува на бесплатните тренинзи кои беа поддржани од страна на Делегацијата на ЕУ во склоп на нивното покровителство на штафетниот маратон ‘ЕУ за спорт’. Воедно, оваа година стартот го преместивме пред Собрание во очекување на големиот интерес. Исто и патеките беа подложни на промени, сѐ со цел да им биде полесно на учесниците. Тие беа измерени од страна на официјални претставници од ИААФ и АИМС и се обнови постоечкиот сертификат за точност исполнувајќи ги сите стандарди за учество на Олимписки игри и Светски првенства“ – порача рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Виз Ер Скопскиот маратон се одржува под покровителство на Градот скопје, Делагацијата на европската унија како и на Агенцијата за малди и спорт.

„Оваа година за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.500.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно ја вршат својата работа и за тоа им упатувам јавна благодарност. Ги повикувам сите граѓани на Скопје утре да излезат во што поголем број, да им посакаат добредојде и да им пружат поддршка на сите учесници, спортисти и рекреативци“ – изјави градоначалникот на скопе, Петре Шилегов.

Најдобрата македонска маратонка, Адријана Поп Арсова вели дека очекува на трката да ја прдолжи добрата форма и одличнаите резултати кои ги постигнува во континитет поставувајќи најдобри државни времиња во неколку дисциплини.

„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите скопјани да излезат на улиците затоа што тоа на маратонците многу им значи“ – посочи рекордерката Адријана Поп Арсова.

Повик за скопјани упати и Александар Кираџиев.

„Според техничките податоци и бројката на пријавени учесници можеме да забележиме дека Виз Ер Скопскиот маратон може да напредува. 58 земји учеснички. Тоа воопшто не е мала бројка. Очекувам оваа година да имаме и 7 домашни тркачи кои ќе ја скршат границата од 3 часа, што е многу значајна за напредокот на овој спорт во државатавта“ – рече  Александар Кираџиев.

Стартот на Виз Ер Скопски маратон е во 08.30 часот од пред Собранието на Република Македонија.

 

Се вчитува...