Биелса: Гвардиола му направи многу штета на фудбалот

Пред денешната пресметка на Лидс со Манчестер сити во Премиер лигата, менаџерот на Лидс, Марсело Биелса испрати специфични пофалби до Пеп Гвардиола истакнувајќи дека несвесно му нанел огромна штета на фудбалот.

„Пеп ненамерно и нанесе многу штета на фудбалската игра. Поради него настанаа состави и тактички формации кои се бранат од неговиот фудбал. А, ако ме прашувате кој е подобар тренер, не знам… Клоп е една работа, Пеп е друга, а јас сум некоја сосема поразлична. Не можеме да се споредуваме“ – вели тренерот на тимот на македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски.

Гвардиола, пак, го опиша Биелса како „најавтентичниот тренер“ кој го познава…

„Вредноста на тренерот на зависи од бројот на трофеи или награди кои ги добил. Моите тимови освоиле многу повеќе трофеи од неговите, но во смисла на познавање на играта и други стручни нешта, вклучувајќи водење тренинг, јас и натаму сум далеку зад него. Тој е веројатно личност на кога најмногу му се восхитувам во светот на фудбалот – и како тренер и како личност“ – вели Гвардиола.

Се вчитува...