„Биелса остана без зборови кога му врачив отказ“

Мнозинскиот сопственик на Лидс, Андреа Радрицани рече дека го оставил без зборови аргентинскиот тренер Марсело Биелса кога го отпуштил на крајот од февруари оваа година.

Тој кажа дека никогаш не ни помислувал да го отпушти, но откако го сторил тоа, се изненадил кога Аргентинецот не му рекол ништо.

„Му соопштив на Биелса во лице. Беше тоа сосема поинаков состанок. На секој претходен беше расположен за долги разговори. Во овој случај не веруваше дека ќе добие отказ, затоа што секогаш го поддржував. Првпат го видов повреден и без зборови. Никогаш не помислував дека ќе дојде тој ден. Тој е легенда на клубот поради сето тоа што го постигна“, рече Радрицани.

Биелса и натаму е омилен меѓу навивачите на Лидс, кои и после отказот го скандриле неговото име.

Се вчитува...