Биелса уште една сезона на клупата на Лидс Јунајтед

Лидс Јунајтед по 16 годиини повторно е во Премиер – лигата, а големи заслуги за тоа одат на адресата на менаџерот Марсело Биелса. Тој потпиша нов едногодишен договор со клубот и ќе го предводи составот од „Иланд Роуд“ во новата сезона во елитното англиско друштво.

Поранешниот селектор на Аргентина и на Чиле успеа да склопи одличен тим во кој забележителна улога има и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Лидс Јунајтед на стартот од сезоната ќе гостува на „Енфилд“ и ќе ги одмери силите со Ливерпул.

 

Се вчитува...