„Биг Сем“: Време е за прекин на Премиерлигата, нашето здравје е загрозено

Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Сем Алардајс, апелираше до челниците на Премиер лигата привремено да биде прекината сезоната поради епидемијата на коронавирус.

Искусниот англиски стручњак неодамна го презеде претпоследниот тим на табелата и веќе се соочи со проблеми на теренот и надвор од него.

“Безбедноста на секого е поважна од што било друго. Колку што слушам мутираниот вирус е заразен и побрз од вообичаеното. Можеме да сториме само една работа, да направиме пауза и привремено да ја завршиме сезоната”, рече Алардајс.

Тој додаде дека луѓето на негова возраст се со загрозено здравје, па затоа е непоходна претпазливост и навремена превенција.

“Имам 66 години и последното нешто што сакам е да добијам коронавирус. Јас сум многу загрижен, и за себе и за фудбалот. Ако е неопходна пауза, мора да го сториме тоа. Без разлика колку е тешко за нас, вирусот постојано забрзува” – истакна популарниот Биг Сем.

Се вчитува...