Билбао и Барселона на „Сан Мамеш“ ќе рушат рекорд на европската кошарка

За 26. април следната година закажано е 31. коло од АЦБ лигата во кое треба да биде запишана историја кога е европската кошарка во прашање.

Дуелот меѓу Билбао и Барселона од тоа коло ќе биде одигран на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао кој е со капацитет од нешто повеќе од 53.000 навивачи. Токму овој натпревар се очекува да го собори рекордот на посетеност кога е во прашање европската кошарка.

Најпосетен кошаркарски меч на Стариот континент е финалето од Евробаскетот 2015 на стадионот во Лил кога имаше 27.000 навивачи.

За инсталација на кошаркарско игралиште на фудбалскиот терен ќе бидат ангажирани повеќе од 300 работници, а пред натпреварот ќе има и музички спектакл.

Се вчитува...