Атлетик Билбао стави крај на серијата од пет победи на Гирона во низа откако во последниот натпревар од 14. коло во Ла Лига ремизираше со 2-2 на гостувањето кај сензацијата на сезоната.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме Циганков со гол во 55. минута донесе предност од 1-0 за домаќините, но Вилијамс успеа да го изедначи резултатот во 67. минута.
Ремито донесе изедначување на врвот на табелата во шпанското првенство каде сега се наоѓаат Гирона и Реал Мадрид со по 35 освоени бодови, додека Атлетик Билбао останува на петтата позиција со 25 бодови колку што има и Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА