Атлетик Билбао го доби баскиското дерби против Реал Сосиедад со 2-0. Домаќините го решија натпреварот уште во првото полувреме. Водство за Билбао донесе Инаки Вилијамс во 11. минута, а конечните 2-0 ги постави Раул Гарсија со феноменален гол во 28. минута.
Со оваа победа тимот од „Сан Мамес“ се искачи на делба на првата позиција на првенствената табела заедно со Севилја со по 7 освоени бода, додека Реал Сосиедад го забележа првиот пораз сезонава, откако во првите две кола имаше скор од една победа и едно реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА