Билд: Баерн Минхен заврши со Боатенг!

По многуте гласини, „сагата“ околку заминувањето на Џером Боатенг од редовите на Баерн Минхен се чини дека го доби својот крај. Како што пренесува германскиот медиум „Билд“, 32-годишникот дефинитивно го напушта клубот во кој помина неверојатни десет години.

Договорот на дефанзивецот со минхенскиот клуб истекува на крајот на сезоната, а тимот од „Алијанц Арената“ нема намера да ја продолжи соработката со долгогодишниот играч и покрај добрите партии под раководство на Ханси Флик. Како главна причина за истото се јавува недисциплината на германскиот репрезентативец и неговиот раскошен живот кој кулминираше со самоубиство на неговата поранешна девојка.

Заминувањето на Боатенг дополнително ќе го ослободи буџетот на клубот од Минхен, со оглед на тоа што стоперот со 12 милиони евра по сезона спаѓа во рангот на најплатените играчи во составот.

Заминувањето на Боатенг и Алаба ќе биде озбилен удар брз баварците, но раководството на тимот веќе работи на адекватни замени. Една од позициите ќе ја пополни Дајо Упамекано, а сега погледите се насочени кон сенегалецот Калиду Кулибали.

 

Се вчитува...