БИЛД: Манчини го одбил Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и натаму ја продолжува потрагата по нов тренер како замена за Оле Гунар Солскјер, кој доби отказ по разочарувачкиот пораз од Ватфорд.

Според „БИЛД“, Јунајтед остварил контакти и со актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, но добил негативен одговор. Манчини им соопштил дека негова задача е да ја однесе Италија на Мундијалот.

Претходно и Зинедин Зидан ја одби можноста да седне на клупата на тимот од Олд Трафорд.

Вчера во ЛШ против Вилјареал, екипата ја водеше Мајкл Керик, кој оствари триумф од 0:2 на гостински терен, со кој Јунајтед обезбеди пласман во 1/8 финалето.

Се вчитува...