Билетите за миланското дерби се распродадени – еден месец пред мечот!

Остануваат точно 30 дена до првото градско дерби помеѓу Интер и Милан за оваа сезона, а билетите за мечот во кој Интер ќе биде формален домаќин на „Џузепе Меаца“ се веќе распродадени. Останати се уште неколку стотици билети, оние најскапите.

Откако кинеските фирми ги превзедоа двата милански клубови, се вложија огромни финансиски средства, со цел и двата ривали повторно да бидат на врвот во Италија и Европа. Фановите на „росонерите“ и нероаѕурите“ со верба дека милионските вложувања повторно ќе го вратат „жарот“ на дербито, на 15. октомври ќе го преполнат фудбалскиот храм во Милано како во старите добри времиња.

Со оглед на тоа дека „Џузепе Меаца“ арената има капацитет од 83.000 седишта, се очекува и нов рекорд во заработката од билети на еден меч во Серија А. Интер и натаму го држи рекордот на заработка од продажба на билети за еден натпревар, со вкупнo заработена сума од 3.943.518 евра, кога на истиот стадион гостуваше Јувентус, на 18. септември 2016 година.

Се вчитува...