Билиќ откри што научил од „Последниот танц“

Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Славен Билиќ говореше за влијанието на документарниот филм посветен на генерацијата на Чикаго Булс од 90-тите години на минатиот век „Последниот танц“. Во разговор за „Скај-спортс“ тој откри дека тоа е документарец од кој може многу да науче секој кој што се занимава со професионален спорт.

„Имав можност да го гледам „Последниот танц“. Во него Фил Џексон вели успешен само ако твоите постапки вчера биле успешни, инаку не си. Тоа е нешто што мора да им биде внесено на спортистите. Секој ден мора напорно да се работи и да се жртвуваш. Сепак, мора да се знае дека со тоа ја немаш завршено целата работа, но се ставаш во одлична позиција да бидеш успешен“, вели Билиќ. 

„Последниот танц“ ги урна сите рекорди во Соединетите Американски Држави кога се во прашање спортските документарци, а реакциите за серијалот од 10 продолженија и две седмици по неговото завршување на стивнуваат во спортскиот свет.

Се вчитува...