Билиќ со српски ветеран ќе ја „крпи“ одбраната на ВБА

ВБА загуби со убедливи 0-3 на отворањето на сезоната од Лестер, по што Славен Билиќ реши да ги забрза преговорите и да го комплетира трансферот на Бранислав Ивановиќ во новиот англиски премиерлигаш.

Србинот беше без клуб по истекот на договорот со Зенит, десетина дена преговараше со ВБА, за денеска и официјално да потпише договор со премиерлигашот од Бирмингем. Ова е камбек на Ивановиќ во Премиер-лигата, откако искусниот дефанзивец освои три титули како член на Челси.

„Ова е најсилната лига во светот, за мене е предизвик што повторно доаѓам во Англија. Се надевам дека ќе бидам успешен, можам да кажам дека мотивацијата ми е на највисоко ниво, ќе сторам се за да му помогнам на својот нов тим“, изјави Ивановиќ, кој ќе го носи дресот со број 20 во ВБА.

Се вчитува...