„Бисерот“ Харви Елиот потпиша нов договор со Ливерпул

Фановите на Ливерпул очекуваат ангажман на нов играч за врска по повредата на Тијаго Алкантара (пауза од шест седмици) на дуелот со Лидс, но Јирген Клоп има поинакви планови на оваа тема.

Имено, стратегот на „црвените“ планира да му даде поголема шанса на суперталентот Харви Елиот, кој денеска и официјално потпиша нов договор со Ливерпул. Иако Елиот лани потпиша нов договор, Клоп и клупските директори се презадоволни од неговиот напредок во играта што му понудија ново продолжување на соработката со дополнително зголемување на платата.

„Прекрасно е чувството да се знае дека уште долги години ќе се биде дел од Ливерпул. Толку многу работи ми се случија во последните години, веќе освоив и бројни трофеи, но тоа само ме прави уште погладен за нови успеси. Јас доаѓам од семејство кое цел живот навива за Ливерпул и тоа само ја прави целата оваа приказна уште поубава“, изјави Елиот.

Се вчитува...