Битка за Европа: Ќе игра ли Шкендија опуштено и против Македонија ЃП!? Струга ТЛ против „отпишаниот“ Вардар…

Битката за третата позиција на табелата која носи место во Европа следната сезона, како и трката за избегнување на баражот за опстанок го привлекуваат главното внимание во последните две кола од Првата македонска фудбалска лига.

Македонија ЃП и Струга ТЛ до крај ќе бидат во битка за првото место. „Лавовите“ денеска се соочуваат со Шкендија која во претходното коло загуби лесно со 2-0 од Струга Трим Лум. Тетовци ја обезбедија шампионската круна па останува прашањето дали и денеска ќе бидат опуштени против Македонија ЃП, онака како што, без посебно нагласен мотив, го одиграа претходниот натпревар со стружани!?

Од друга страна, Струга ТЛ е во предност ако се знае дека против себе денеска ќе го има „отпишаниот“ Вардар. „Црвено-црните“ се уште не се отпишани во битката за опстанок, но се чини, согласно игрите пролетва, немаат сила да ја изненадат Струга ТЛ.

Во директна битка за избегнување на баражот за опстанок, пак, ќе бидат Борец и Ренова на дуелот во Велес. Академија Пандев со триумф над Беласица се  чини, пред последното коло, во голема мера ќе ја заврши задачата за директно обезбеден опстанок.

ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

 

Се вчитува...