Битка за титула во Премиерлигата: Астон Вила има 18 милиони „причини“ да загуби од Манчестер Сити

Последното коло од Премиерлигата ќе ни го даде и освојувачот на „елитниот“ англиски фудбал. Прашањето е дали тоа ќе биде Манчестер Сити или Ливерпул, а во фокусот ќе биде натпреварот на „граѓаните“ против Астон Вила.

Ливерпул ќе навива за победа на Астон Вила, но Астон Вила е таа која ќе добие 18 милиони евра доколку Манчестер Сити стане шампион. Имено, во трансферот на Џек Грилиш кој го засили манчестерскиот клуб минатото лето за 117.5 милиони евра постои и посебен бонус кој „граѓаните“ треба да го платат доколку стигнат до титулата.

По случајност за тоа ќе одлучува токму меѓусебниот дуел. Како потсетување, Манчестер Сити го доби овосезонското гостување против Астон Вила со 1-2.

Се вчитува...