Младиот 17-годишен Владимир Битољану истрча феноменална трка на 200 метри на шампионатот во Скопје, со време на нов рекорд на Македонија за млади младинци.
На трката на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Битољану 200 метри ги истрча со време од 22.35 секунди, што е подобрување на досегашниот рекорд на Павле Симовски од АК Љуботен, кој изнесуваше 22.44 секунди.
Битољану со денешниот рекорд се избори и за А-норма (која изнесуваше 22.45 секунди) за настап и на Европското младинско првенство кое ќе се одржи во Израел од 4. до 7. јули оваа година. Ова по подолг период е прва изборена младинска норма за македонската атлетика за настап на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА