Бизарна повреда на бразилски репрезентативец: Го исекол прстот додека летал змеj и мора на операција

Фудбалскиот репрезентативец на Бразил, Лукас Пакета доживеа бизарна повреда додека бил на одмор. Фудбалерот на Лион додека бил на плажа, пуштал змеј, при што дошло до проблеми, па го исекол прстот.

Фудбалерот од средниот редн на Лион поради тоа е приморан да замине на операција. Иако не станува збор за тешка повреда, сепак, Пакета се решил да го реши со оперативен зафат, за да нема проблеми во иднина.

„Запамтете, детските игри имаат последици. Денеска пуштав змеј и го исеков прстот. Се е во ред, но за да избегнам проблеми во иднина, одлучив да направам мала операција. Повторувам, се е во ред, но змејот отиде превисоко и ме пресече“, напиша Пакета на „Твитер“. 

Одличните игри кои ги пружа во францускиот тим, му донесоа и место во националниот тим на Бразил, а сигурно ќе биде меѓу патниците во Катар. Пакета во минатото играше за Милан и Фламенто.

Се вчитува...